Фудбалерите на Барселона ја победија Севиља со 1-0 во дербито од 30. коло на шпанската Ла Лига. Момчето вредно милијарда евра го крена „Камп Ноу“ на нозе, погодувајќи за победа.
Каталонците славеа минимално, благодарение на голманот на гостите, но и промашувањата на домашните фудбалери, кои можеа да слават и многу поубедливо.
Моментот на одлука се случи во 72. минута. Педри биеше убаво во спротивниот агол со удар од 16 метри, донесе водство и победа за Каталонците.