Мурињо му се пушти на еден новинар: Пред мене се „п*сра“

305

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо на прес-конференција за медиумите пред дуелот со Сампдорија уште еднаш се пресмета со новинарите. Овој пат станува збор за претставник на „седмата сила“ кој го критикува за неговата работа.

„Очекував многу пожестоко прашање за тебе. Те слушав вчера на радио беше многу агресивен, повеќе критикуваше, беше многу пожесток. Не очекував вакво лесно прашање. Дојдов до заклучок дека си многу агресивен на работа и многу жесток, додека кога ќе дојдеш пред мене се по***уваш“, му се обрати Мурињо, на кого се чини не му се допаѓа да биде критикуван. 

Рома е седмата на табелата со 15 победи, 6 реми и 9 порази.

ПретходноСе појави дресот на Јувентус за идната сезона – навивачите не го очекуваа ова!
СледноДурент со рекорд на кариерата, Голден стејт ја прекина лошата низа (ВИДЕО)