Диего Симеоне со текот на годините стана симбол на Атлетико Мадрид. Одличниот аргентинскиот стратег кој е најплатен во светот, во последните денови минува низ тежок период поради семејна трагедија.
На крајот на минатиот месец почина неговиот татко Карлос, а во Атлетико одлучија да му одаддат почит со минута молчење пред мечот со Алавес. Таа минута беше најтешка во животот на Симеоне. Се обиде да се сокрие емоциите, но не успеа, на крајот пушти солза за неговиот татко кој почина на 79 години.
Атлетико победи со 4-1, а одличниот стручњак потенцира дека нема да ја заборави таа минута пред дуелот.
„Им благодарам на сите, никогаш нема да го заборавам тоа“, порача Симеоне.
Se me parte el alma. pic.twitter.com/SUx0csZMov
— REY CHOLO (@ReyCholo14) April 2, 2022