По 10 години Интер слави во Торино со хаотично повторување на пенал (ВИДЕО)

560

По пауза од 10 години, италијанскиот шампион Интер се враќа со победа од гостувањето кај Јувентус во Торино. „Нероаѕурите“ вечерва славеа против „Старата Дама“ со 1:0, благодарение на гол од пенал во првото полувреме, кој двапати беше изведуван и предизвика многу коментари и контроверзии.

Интер поведе длабоко во судиското продолжение на првото полувреме со гол по невидениот хаос кој се случи. Во истекот на регуларното време Интер доби пенал, откако Алваро Мората го нагази Дензел Думфрис во шеснаесетникот, а судијата Ирати со помош на ВАР покажа на белата точка.

Тогаш настана вистински хаос. Војчех Шчесни го одбрани ударот на Хакан Чалханоглу, а потоа во продолжението на акцијата топката влезе во голот на домашните. Судијата најпрви покажа прекршок врз голманот на Јувентус, па потоа со помош на ВАР го врати пеналот на ново изведување поради тоа што Матијас де Лигт прерано влегол во шеснаесетникот. Овој пат Чалханоглу не згреши. Ја погоди мрежата на „Старата дама“ за предност од 1-0 што на крајот се покажа и како конечен резултат.

За одбележување се неколку 100% шанси за Јувентус кои домашните не успеаја да ги претворат во гол.

ПретходноМбапе, Нејмар и Меси го „наполнија“ Лориен (ВИДЕО)
СледноМомчето од „милијарда евра“ донесе победа за Барса (ВИДЕО)