Лидерот на табелата, тимот на Шкупи, денеска потешко од очекувањата, дојде до победа на домашен терен од 1:0 против тимот на Тиквеш. Иако се очекуваше освојување на бодовите, сепак, Шкупи стигна до водство дури во вториот дел со голот на Марјан Радески. Тој е стрелец веќе неколку кола по ред, што се вели влегува во форма во најважниот дел од сезоната.
„Беше тежок натпревар, но на крајот важни се трите бода. Ја заслуживме оваа победа онака како што ја баравме од почетокот на натпреварот. Среќен сум за голот и им благодарам на соиграчите, секако дека сме колективно заслужни и за голот и за победата. Мислам дека сме на добар пат да бидеме шампиони иако има уште доста да се игра, но сепак, сметам дека го заслужуваме тоа, и ние како тим и навивачите кои се фантастични“ – изјави Радески.