Вечното дерби на Глазгов, на Шкотска, едно од најголемите во светот, попознато како „Олд фирм“, денеска заврши со победа на Селтик како гостин со 1:2. Глазгов Ренџерс дома загуби и веројатно со ова ја загуби шампионската титула, по мечот “Иброкс“ беше во молк, добро знаат фановите на „Ренџерс“ што значи овој пораз.
Инаку се тргна според посакувањата на Глазгов Ренџерс кога Рамзи уште во 3.минута му донесе водство на својот тим за голема еуфорија на „Иброкс“. Сепак само неколку минути подоцна Рогиќ израмни на 1:1, за да Картер – Викерс постигна гол за водство и победа на “зелените“ од Глазгов.