Иако имаше одлична партија, Столе Димитриевски не успеа да го спаси голот на гостувањето кај Гранада, откако домашните добија пенал во 92. минута и го претворија во реми 2:2.
Рајо Ваљекано имаше одлична предност од 2:0 по првите 45 минути, но во вториот дел остана без „поцрвенетиот“ Комесања, по што домашните притиснаа и успеаја двапати да го совладаат нашиот репрезентативен голман.
Со овој бод, Рајо останува на 13. место на табелата, засега се уште далеку од „црвената зона“.
Реми заврши и вториот дуел вечерва меѓу Валенсија и Кадиз (0:0).
Standings provided by SofaScore LiveScore