Тотенхем супериорен против Њукасл (ВИДЕО)

79

Очигледно дека тимот на Тотенхем сезонава игра одличен фудбал. Има три победи по ред, 54. бодови и во моментво четврто место кое носи во Лигата на Шампионите. Момците на Антонио Конте предмалку гоо декласираа Њукасл на домашен терен со 5:1 во дуел во кој постигнаа пет гола, а можеа уште неколку.

Иако мечот за домаќинот не започна најдобро сепак имаше и тоа како среќен крај. Шар прекрасно погоди од слободен удар за Њукасл по лошата интервенција на Лорис, а Дејвис изедначи на 1:1, неколку мунути подоцна.

Доерти, Сон, Емерсон и Бергвајн во второто полувреме покажаа кој е кој на овој меч и не дозволија во ниту еден момент победата да биде доведена во прашање.

ПретходноСе одржа ИКАС 2022
СледноРома минимално кај Сампдорија