Е.Пелистер следната сезона ќе има видливо променет состав. Јосип Периќ, Тео Мараш, Немања Обрадовиќ и Мартон Секељи ќе се преселат во Татабања, во „зелено-белиот“ дрес ќе го нема ниту Рение Табоада, кој се договори со тимот на Фредериција од Данска.
Во најава е уште едно заминување. Станува збор за Емир Граџан, кој откри дека има понуди на неговата адреса.
Навистина сум презадоволен од моите игри, но најважно е што на тимот му оди добро. Без добри тимски игри, невозможно е поединец да се истакне. Задоволен сум и од приватниот живот во Битола, но бидејќи имам неколку понуди за продолжување на кариерата, можно е летово да го напуштам Еурофарм Пелистер. Сепак, она за што најмногу размислувам во моментов е финишот на сезоната“, изјави Граџан.