Eспаргаро и донесе на Априлија прва пол позиција во Мото ГП

79

Возачот на Априлија, Шпанецот Алеш Еспаргаро ја освои пол позицијата пред Големата награда на Аргентина во Мото ГП шампионатот. Шпанецот до пол позицијата стигна со тоа што извозе најбрз круг со време 1:37.688 минути.

Ова воедно е прва пол позиција за тимот Априлија во Мото ГП ерата.

На второто место заврши возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин со 151 илјадинка заостанување, а од третото место ќе стартува Лука Мартин, возачот на ВР46 кој имаше 431 илјадинка заостанување. Меѓу првите пет се најдоа и Пол Еспаргаро од Репсол Хонда и Маверик Вињалес од Априлија. Бранителот на титулата Фабио Квартараро квалификациите ги заврши на шестата позиција.
Инаку трката за ГН на Аргентина на програмата е вечер од 20 часот.

ПретходноМаневски: Нема дилеми дека Шкендија против Борец ќе оди на победа!
СледноПМФЛ: “Пандевци“ сакаат продолжување на серијата, Брегалница на ФФМ ја дочекува Ренова…