Шампионот МЗТ Скопје ја продолжи победничката низа во домашното првенство. Вечерва во меч од 21. коло, „штрковите“ славеа против Феникс со убедливи 87:74, само благодарение на фуриозниот финиш во кој ја направија и главната разлика.
Феникс одлично се држеше три четвртини, но потклекна во последните 10 минути, кога МЗТ Скопје направи разлика од 9 поени. За Феникс ова беше третиот пораз во последните четири меча во домашниот шампионат.
Кај МЗТ Скопје денеска блескаше Војдан Стојановски со 22 поени, додека Дејвис постигна 19. Кај екипата ан Феникс најефикасен беше Морган со 23 поени.