Дурент со рекорд на кариерата, Голден стејт ја прекина лошата низа (ВИДЕО)

100

Кевин Дурент пружи одлична партија во дресот на Бруклин, за жал истата не беше доволна за победа. Неговиот тим беше совладан на гостувањето кај Атланта со 122-115.

Дурент мечот го заврши со 55 поени, Кајри Ирвинг запиша 31 поен, но едноставно домаќинит беше поснаодлив. Поразот се чини најмногу го боли Дурент кој постигна рекорд на кариерата по бројот на постигнати тројки (осум).

На останатите средби, Голден стејт стави крај на серијата на порази, ја совлада Јута со 111-107, благодарение на Томпсон кој постигна 36 поени и Пул го постигна 31 поен. На последната средба Чикаго на домашен терен беше совладан од Мајами со 109-127.

ПретходноМурињо му се пушти на еден новинар: Пред мене се „п*сра“
СледноГвардиола го одбра својот наследник