Куртоа: Еднаш и нас да ни свирнат три пенали; Аспас: Судијата навиваше за хет-трик на Бензема

121

ФОТО> twitter.com/realmadrid

Голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа го прокоментира триумфот на неговиот тим над Селта како гостин со 2:1. Судијата Гонзало Фуертес свирна три пенали за Реал, од кои Карим Бензема реализира два, а еден промаши. Сепак трите бода завршија кај „Кралевите“ кои останаа во пол-позиција за титулата.
Ја видов првата и втората ситуација за пенал. Третата не ја видов, но штом некој ќе постави нога во дуел со играч тогаш… Претходно против нас беа свирени многу такви пенали. Еднаш и ние да шутираме три пенали на еден меч“, коментира Куртоа за клупскиот сајт.

Бензема ги постигна 34 и 35 гол сезонава, а тој со 216 гола сега е трет стрелец во историјата на кралскиот клуб во првенството зад Роналдо и Раул.
Селта во првото полувреме даде гол кој беше поништен поради офсајд, а имаше уште една ситуација кога Аспас се најде во ситуација за гол, а судијата досуди офсајд од најдобриот напаѓач на тимот од Виго.

Се чини дека судијата навиваше Бензема да постигне хет-трик на овој меч“, изјави Аспас.

ПретходноФлуминенсе по 10 години стана шампион на Рио
СледноЛуис Фиго: Да изгубиш дома од Македонија е нешто застрашувачко