Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго ги прокоментира мундијалските баражи во кои Македонија направи сензација со тоа што го елиминира европскиот шампион Италија и ги остави „Аѕурите“ без Мундијал втор пат по ред.
Фиго се уште не може да поверува како европска и светска велесила Италија нема да игра на СП и дека ќе ја нема на светските собири 12 години! Италија последен пат играше на СП во 2014 година во Бразил.
„Да загубите од Македонија на домашен терен е нешто застрашувачко. Цели 12 години без Италија на Светско првенство, мајко мила… За среќа ние се соочивме со оваа балканска репрезентација и стигнавме на СП во група со Уругвај, Гана и Јужна Кореја. Ако по некоја случајност Португалија загубеше од Македонија, веднаш ќе летнеше главата на селекторот Фернандо Сантош“, прокоментира Фиго.