Работнички „потона“ во последната четвртина, Еуро Никел слави во Скопје (ФОТО)

125

Еуро Никел успеа да ја запре победничката низа на Работнички од последните два настапи во домашната Прва Лига. Во дербито на 21. коло, кавадарчани славеа на гостувањето во Скопје со 68:87.

По неизвесното прво полувреме во кое и двата тима се бореа за минимална предност, во вториот дел гостите покажаа доминација. Откако ја добија третата четвртина со 18:16, следуваа завршните 10 минути во кои комплетно го скршија отпорот на Работнички.

Работнички комплетно падна во играта, имаше лоша реализација во напад, што доведе до серија лесни поени за гостите. На крајот Џекиќ постигна 18, а Дубински 16 поени во составот на Еуро Никел, додека кај Работнички Едвин со 18 поени беше најрасположен за игра.

ПретходноВојдан го предводеше МЗТ Скопје до нова победа (ФОТО)
СледноВлатко Костов понуди оставка