Уште еден ракометар следната сезона ќе го напушти Е.Пелистер?

452

Е.Пелистер следната сезона ќе има видливо променет состав. Јосип Периќ, Тео Мараш, Немања Обрадовиќ и Мартон Секељи ќе се преселат во Татабања, во „зелено-белиот“ дрес ќе го нема ниту Рение Табоада, кој се договори со тимот на Фредериција од Данска. 

Во најава е уште едно заминување. Станува збор за Емир Граџан, кој откри дека има понуди на неговата адреса.

Навистина сум презадоволен од моите игри, но најважно е што на тимот му оди добро. Без добри тимски игри, невозможно е поединец да се истакне. Задоволен сум и од приватниот живот во Битола, но бидејќи имам неколку понуди за продолжување на кариерата, можно е летово да го напуштам Еурофарм Пелистер. Сепак, она за што најмногу размислувам во моментов е финишот на сезоната“, изјави Граџан.

ПретходноВест Хем држи чекор со врвот (ВИДЕО)
СледноЛуд меч на ФФМ: Голови, пенали, црвени картони…Брегалница – Ренова 2:2 (ФОТОГАЛЕРИЈА)