Флуминенсе по 10 години стана шампион на Рио

97

Флуминенсе стана шампион на Рио де Женеиро по ремито 1:1 со Фламенго и севкупен резултат од 3:1. Габриел Барбоса го доведе Фламенго во водство во 29. минута, но Жерман изедначи за Флуминенсе во финишот на првиот дел. Аргентинецот Кано постигна два гола во победата на Флуминенсе со 2:0 во првиот меч, а на реваншот тој утна пенал.
Тоа е прва титула за Флуминенсе по 2012 година.
Во шампионатот Рио Гранде до Сул Гремио стана шампион што е негова петта титула по ред. Атлетико Минеиро по триумфот над Крузеиро е шампион на државата Минеиро, додека вечерва ќе се решава титулата во државата Сао Пауло, а се среќаваат Палмеирас и Сао Пауло.

ПретходноБаерн играше со 12 играчи против Фрајбург, но нема да добие казна
СледноКуртоа: Еднаш и нас да ни свирнат три пенали; Аспас: Судијата навиваше за хет-трик на Бензема