Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Баерн со 81-76 во рамките на 26. коло во Евролига.
Ова беше меч со многу пресврти, турскиот тим во првата четвртина имаше предност од 27-16, до полувремето дојде на 45-31. Се чинеше дека Баерн немаше одговор, но со 31-9 во третата четвртина целосно го сврте резултатот.
Сепак Саша Ѓорѓевиќ успеа да го врати ударот, со серија од 12-0, неговиот тим го превзема водството и до крајот успеа да сочува доволна предност за 10. победа оваа сезона. И покрај ова Фенербахче е без шанси за Топ 8, додека Баерн и покрај поразот остана на осмата позиција која води во следната фаза.
Пиерија Хенри со 22 поени и Јан Весели со 21 поен го предводеа Фенербахче.
.@JanVesely24 is everywhere as usual 😤#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/rKEZf9WCMx
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) April 4, 2022