Браво на 38 години потпиша нов договор со Бетис

266

Чилеанскиот голман Клаудио Браво потпиша нов договор со Бетис. Како што објавија од клубот, тој остаува во Андалузија и следната сезона.

Договорот на Браво требаше да истече на крајот на оваа сезона, но Бетис објави дека тој е продолжен за уште една година. 38-годишниот Браво во Бетис дојде во 2020 година и стана важен член на тимот, играјќи 39 натпревари со 50 примеи гола.

Браво ќе наполни 40 години кога ќе го заврши новиот договор со Бетис. Во својата кариера тој бранеше и за Коло Коло, Реал Сосиедад, Барселона и Манчестер Сити.

ПретходноПознати полуфиналните двојки во машкиот одбојкарски плеј-оф
СледноУ17: Младите убедливо поразени на тест со Црна Гора (ФОТО)