Емери пред мечот со Баерн: Ќе се обидеме да останеме живи по првите 90 минути

107

Тренерот на Виљареал Унаи Емери не се сомнева дека Баерн Минхен е големиот фаворит во дуелите од четвртфиналето на Лигата на шампионите, но исто така додаде дека неговиот тим исто така има шанси да помине понатаму. То знае дека тимот треба да го покаже најдоброто лице, а на моменти дури и да го промени вообичаениот стил на игра.
Се радуваме што ќе играме против Баерн. Тие се фаворити и стигнаа до тука без пораз. Ќе биде многу поразлично од оние дуели со Јувентус. Треба да се адаптираме и да сме блиску до најдоброто ниво“, изјави баскискиот тренер на пресот пред утрешниот дуел.

Мислам дека Нагелсман (тренерот на Баерн) отворено кажа дека сака да ни ги урнат шансите уште на првиот меч. Го почитуваме Баерн, го анализиравме и работиме на тоа да најдеме против игра. Ќе се обидеме да останеме живи по првите 90 минути. Сакаме да одиграме силно утре, да доживееме посебен момент. А мислам дека го можеме тоа. Успеавме да поминеме група во која беа Манчестер Јунајтед и Аталанта, потоа го победивме и Јувентус и мислам дека не сме случајно во четвртфинале“, рече Емери.
Мечот се игра на „Алијанц арената“ во Минхен утре со почеток од 21 часот.

ПретходноЛШ полувреме: Ливерпул води 2:0 во Лисабон, деби гол на Конате (видео)
СледноФФП реформиран: Дозволениот минус е 60.000.000 евра, поместена границата за плати