ПСЖ и Реал загрижени: Уште еден тим тргнал во поход по Мбапе

559

Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на оваа сезона. Според многумина тој ќе го облече дресот на Реал Мадрид, но се чини „кралевите“ ќе имаат конкуренција. Станува збор за уште еден гигант, но не е Барселона.

Каталонскиот гигант јавно се откажа од идејата да го донесе францускиот фудбалер, во овој момент во клубот финансиски се немоќни. Неофицијално Ливерпул, Сити и Баерн би можеле да влезат во трката за Мбапе.

Мбапе игра во животна форма, неодамна зборуваше за својата иднина и призна дека сам ќе донесе одлука. Тој не је исклучи можноста да остане во ПСЖ.

„Немам донесено одлука за својата иднина, се упте размислувам“, изјави Мбапе.

Во досегашниот дел од сезоната одигра 39 мечеви, на кои постигна 28 голови и 20 асистенции.

ПретходноНејмар: Бев пијан затоа ова ми успеа!
СледноСимеоне го „пецна“ Пеп: Талентиран е, но јас ги немав Меси, Пике…