У17: Младите убедливо поразени на тест со Црна Гора (ФОТО)

352

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години загуби убедливо со 3:0 на денешниот пријателски меч со своите врсници од Црна Гора.

Ненад Кривокапиќ во 28. минута го постигна првиот гол за Црногорците, а по него во листата на стрелци се запиша и Радојевиќ (58’). Во 60. минута Кривокапиќ повторно беше прецизен, овој пат од слободен удар за конечни 3:0.

Македонија н Црна Гора ќе одиграат уште еден тест меч во четврток од 11 часот.

ПретходноБраво на 38 години потпиша нов договор со Бетис
СледноЦените на билетите за СП во Катар „скокнаа“ за 30%