Абрамович го купил клубот на Јаховиќ, потврдата доаѓа во петок!?

350

Пред неколку денови соопштивме дека рускиот милијардер Роман Абрамович е во Турција и најверојатно ќе го купи Гезтепе, клубот за кој настапува македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ. А овие информации се се погласни изминатите часови, турските медиуми веќе соопштуваат дека официјалното превземање ќе се случи во петок.
Откако се соочи со бројни санкции, рускиот олигарх мораше да се повлече од сопственичката позиција во Челзи, меѓутоа ќе продолжи во фудбалот како што пишуваат турските медиуми во локалниот прволигаш Гезтепе.
Продажбата на Челзи е во тек, Абрамович веќе чека разврска и да почне со нов бизнис во Турција. Тој веќе ја стационирал својата скапоцена јахта на Медитеранот, сега купува клуб, па бизнисот ќе го пренесе во Турција.

ПретходноНант завери 1/4 финале, пет гола на Лазаров (ВИДЕО)
СледноПСЖ испрати одлична понуда до Погба, но тој сака да се врати во Јувентус