Екипата на Реал Мадрид замина денеска за Британија каде утре гостув на Челзи во рамките од Лигата на шампионите. Сепак, тоа го стори без тренерот Карло Анчелоти, кој се уште е во карантин поради коронавирусот, објавија мадридските медиуми.
Последниот ПЦР тест на тренерот повторно беше позитивен и тој го пропушти летот на неговиот тим за Лондон. Сепак, се уште има шанси тој да пристигне навреме за мечот, бидејќи вечерва ќе направи нов тест. Доколку на тој тест резултато биде негативен, Анчелоти вечерва или утре заминува во британската престолнина.
Италијанскиот стручњак веќе шест дена е во изолација и не успеа да го води тимот во победата од 2:1 над Селта . Беше заменет од неговиот син Дејвид и вториот асистент, Абиан Пердомо. Еден од двајцата ќе се појави на денешната прес-конференција, а голема е веројатноста дека дотичниот двоец ќе треба да ги води Мадрид и на утрешниот натпревар.