Битолски пекол за Нексе, Е.Пелистер сонува за 1/4 финале!

216

Е.Пелистер вечерва (18:45 часот) на домашен терен го пречекува Нексе во реванш осминафиналниот дуел во Европската лига. Избраниците на Жељко Бабиќ ќе имаат тешка задача, на првата средба во Нашице беа поразени со три гола разлика 29-26. За пласман во четвртфиналето ќе мораат да ја анулираат оваа негатива, а во походот кон оваа цел зад себе ќе ги имаат верните фанови.

Салата „Боро Чурлевски“ одново беше распродадена експресно, за еден час.

Иако Нексе игра на гостински терен, сепак е опасен тим, во Битола дојде порано, целта е јасна, да се обезбеди место во следната рунда. Ова добро го знаат ракометарите на Е.Пелистер, па токму затоа немаат право на грешка.

„Ќе има многу борба, а ние ќе се обидеме да се вратиме од трите гола негатива. Се надеваме дека ќе бидеме победници. Во Хрватска одигравме динамичен натпревар. Треба да се очекува пеколна атмосфера, да ја искористиме предноста на домашен терен и да се вратиме од негативата која е три гола. Ни значи враќањето на капитенот, ама ова е колективен спорт. Периќ е лидер и капитен, па мислам дека може да ни помогне“, изјави Граџан.

ПретходноВториот рекет може да биде исфрлен од Вимблдон, дури и да се откаже од Путин
СледноКуп на Македонија 1/2 финале: Пелистер – Силекс, Струга ТЉ – Македонија ЃП