Египетскиот министер открива: Му реков на Салах да смени клуб, но тој сака да остане во Ливерпул

186

Египетскиот министер за спорт и млади, Ашраф Соби, изјави дека го советувал египетскиот напаѓач од екипата на Ливерпул, Мохамед Салах, да го смени тимот.

„Го советував да ја продолжи кариерата во друг клуб, но Салах ми рече дека сака да го продолжи договорот со Ливерпул“, објави Соби.

Салах во Ливерпул се пресели од Рома во 2017 година. Актуелниот договор на 29-годишниот египетски фудбалер со англискиот клуб е до крајот на следната сезона, а пред извесно време се појавија информации дека Ливерпул и неговиот агент се договориле за нова соработка со која Салах ќе стане еден од најплатените фудбалери во Европа.

ПретходноЦените на билетите за СП во Катар „скокнаа“ за 30%
СледноКласика од Лазаров во мрежата на Фуксе Берлин (ВИДЕО)