Заврши европската пролет во Битола, Нексе го преживеа пеколот за печат на 1/4 финалето

427

Е.Пелистер не успеа да ја надокнади негативата од три гола од првиот дуел против Нексе. На домашен терен Жељко Бабиќ и неговите избраници на домашен терен беа поразени со 21-22 во реванш мечот, за нив заврши оваа европска пролет. На битолчани не им помогна ниту одличната атмосфера и преполната сала „Боро Чурлевски“, по згаснувањето на сонот на 1/4 финалето остануваат дуелите во домашниот шампионат.

По последните плус три за битолчани (8-5), Нексе ги казни нивните грешки. Со серија од 2-6 за првпат поведе на натпреварот (10-11) беше во 28 минута. Хрватскиот тим не успеа да дојде на плус два, на другата страна Е.Пелистер на одморот израмни на 11-11.

Битолчани не тргнаа во второто полувреме како што посакаа, Нексе поведе со 11-14, додека првиот гол за домашниот тим го постигна Периќ во 37 минута. Хрватскиот клуб ја одржуваше позитвата од три гола, имаше шанса да поведе и со плус четири. На средината на второто полувреме, Е.Пелистер остана со двајца играчи помалку, но гостите не ја искористија оваа ситуација, постигнаа само еден гол.

Битолчани дури имаа шанса да дојдат на минус еден, при 17-19, Костески не успеа да реализиран, на спротивната страна Јагањац казни. На пет минути до крајот, Мандалиниќ и Мараш израмнија на 20-20. Публиката се разбуди, но Нексе не се предаде.

Мандалиниќ постигна шест гола, додека Табоада беше стрелец на пет, кај Нексе, Јелиниќ имаше пет.

ПретходноЛШ – СТАРТНИ СОСТАВИ: Клоп ја напаѓа Бенфика со Мане, Диаз и Салах
СледноНант завери 1/4 финале, пет гола на Лазаров (ВИДЕО)