Илиќ пред Вардар: Некои работи не ми се допаднаа во Скопје!

268

На Веспрем патот кон четвртфиналето во Лигата на шампиони, за жал е широко отворен. Унгарскиот тим на првата средба славеше со осум гола разлика, па на реваншот против Вардар на домашен терен (закажан за утре, 18:45 часот) треба да ја одбрани истата.

Иако осум гола е навистина недостижно, тренерот на Веспрем, Момир Илиќ е претпазлив.

„Благодарение на победата од осум гола може да очекуваме реванш од поволна позиција, но сме на половина пат од четвртфиналето. Вардар е одличен тим, овојпат треба да одиграме многу подобро отколку што игравме ако сакаме повторно да победиме. Видов и неколку работи во Скопје од кои не бев задоволен“, изјави Илиќ пред мечот.

За ова гостување, најавени се и навивачи на Вардар 1961.

ПретходноДочекавме и ова, тепачка на тениски терен (ВИДЕО)
СледноКанада за прв пат има најдобар играч на КОНКАКАФ