Куп на Македонија 1/2 финале: Пелистер – Силекс, Струга ТЉ – Македонија ЃП

445
Предмалку во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за претстојните полуфинални дуел од Купот на Македонија за оваа сезона.
Тимот на Пелистер се соочува со единствениот второлигаш преостанат во оваа фаза, тимот на Силекс, додека пак екипата на Струга Трим Љум ќе се сретне со екипата на Македонија ЃП.
1/2 финални двојки од Купот нa Македонија
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС
СТРУГА Трим Љум – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
Натпреварите ќе се одиграат на 20. април во 16:00 часот. Се игра еден натпревар.
Финалето е закажано на 20. мај на Национална арена “Тодор Проески”.
ПретходноБитолски пекол за Нексе, Е.Пелистер сонува за 1/4 финале!
СледноЕмбид: Ме мразат!