Шкендија попладнево потврди дека на функцијата спортски директор на клубот е именуван Артим Шаќири, а функцијата ќе почне да се извршува од моментот на завршување на оваа натпреварувачка сезона.
По раскинувањето на соработката со тренерот Акраповиќ, Шкендија соопшти дека до именувањето на нов шеф на стручниот штаб, во својство на в.д. тренер на тетовските „црвено-црни“ ќе биде Артим Шаќири. Негов помошник ќе биде Бурхан Емурлаи.
Артим Шаќири има многу богата кариера како фудбалер, а беше дел од Шкендија во сезоната 2007/2008.