Познати полуфиналните двојки во машкиот одбојкарски плеј-оф

93

Одбојкарите на Вардар славеа над Лирија со 3:0 во првиот меч од претпоследното коло во Втората фаза-1 на машкото одбојкарско првенство. Тоа практично значи дека Универзитет во Тетово и теоретски останува на 4. место и во серијата до две победи во полуфиналето на плеј-офот ќе оди на неприкосновената Струмица 47&72.

Бранителот на двојната круна денеска ќе се сретне со ГОК Борец, а во тетовското дерби Универзитет ќе ја пречека Шкендија, која сака победа за да се врати на втората позиција и со тоа да биде поблиску до евентуална мајсторка пред своја публика во полуфиналната пресметка со Вардар.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (9.коло)

Вардар – Лирија                                                              3:0 (25:14, 25:18, 25:22)

ГОК Борец – Струмица 47&72                                             (денеска, 20.30)

Универзитет во Тетово – Шкендија                                    (денеска, 20.30)

ПретходноОфицијално: Артим Шаќири е нов в.д. тренер на Шкендија
СледноБраво на 38 години потпиша нов договор со Бетис