По голема драма и пресврт Канзас ја освои титулата во НЦАА (ВИДЕО)

108

Канзас џејхоукс ја совлада Северна Каролина со 72-69 во финалето на завршниот НЦАА турнир. До титулата дојдоа за првпат по 2008 година и тоа по голем пресврт. На полувремето имаа негатива од 15 разлика, во еден момент во овој дел од мечот беше и минус 16. Канзас на крајот успеа да се врати и по голема драма да дојде до триумф.

На пет секунди до крајот, Северна Каролина имаше шанса да дојде до изедначување, откако противникот направи грешка, но не ја искористи.

Вилсон и Мекормак со по 15 поени беа најефикасни кај победничкиот тим. Во таборот на Северна Каролина, Бакота и Дејвис исто така имаа 15 поени.

ПретходноПо ремито со Милан, Михајловиќ им испрати силна порака на фудбалерите
СледноОхриѓанка освои 11.108.609 денари со СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ