Синиша Михајловиќ мораше да се врати во болница поради леукемија. Во следните неколку недели Болоња ќе биде без својот стручњак, кој пак не се откажува од фудбалот, постојано е на видео врска со своите играчи.
По ремито со Милан, тој веднаш им се обратил на фудбалерите, од нив побарал да се борат лавовски како него.
„Ова е тешко време за сите нас, а Михајловиќ не замоли да не се предаваме во ниту еден момент, како што и тој не се предава. Тој беше горд и среќен по ремито, на момците им ја честиташе победа“, откри неговиот помошник Де Лео.