Свен Ботман ќе биде новиот стопер на Милан

153

Екипата на Милан следната сезона ќе биде посилна за интернационалецот од Холандија и досегашен член на тимот на Лил, Свен Ботман.

Младиот стопер кој има во моментов 22. години е многу блиску до преминување во Милан, а преговорите се во завршна фаза. Ботман би требало да пристигне  во Милано во пакет со Ренато Санчес, уште еден играч на Лил, кој ќе треба да е замената за Френк Кеси кој заминува во Барселона.

Ако на сето ова се додаде дека Милан од Лил веќе до доведе голманот Мањан, тоа значи дека овие два клуба се и тоа како во блиски односи и дека се што е најквалитетно во Лил, заминува по дифолт во Милано.

ПретходноВасоски: Посакуваме финале во купот
СледноАнчелоти не отпатува со Реал Мадрид во Лондон