Манчестер Сити вечерва (21 часот) на домашен терен го пречекува Атлетико Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампиони. Ова значи дека ќе биде пресметка на двајца врвни тренери, Пеп Гвардиола и Диего Симеоне. Двајцата со целосно разлилни стилови дојдоа до фантастични резултати.
Симеоне и Пеп добро се знаат, како играчи се среќаваа во дресовите на Атлетико и Барселона. Аргентинецот пред денешната средба го испочитува Пеп, но иствремено го „пецна“.
„Гвардиола е несомнено талентиран, но освен тоа, тој секогаш имал среќа да има извонредни играчи со него. Никогаш не сум ги имал Чави, Бускетс, Пике, Андреас Иниеста или Меси“, изјави Симеоне.