Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска остварил средба со раководството и фудбалерите на ГФК Тиквеш. На средбата уште еднаш била потврдена поддршката за тренерот Влатко Костов и неговиот натамошен ангажман на клупата на Тиквеш. Јанчев ветил дека обрските на Општината остануваат и ќе бидат исполнети како што е договорено.
За Тиквеш е најбитно да се добие утрешната првенствена средба и на тој начин шансите на кавадаречките фудбалери за опстанок во Првата фудбалска лига ќе бидат поголеми.
„Мотивација има, поддршка има, навивањето ќе биде додатен стимул, утре да дадеме се од нас и да победиме“, изјавил капитенот Вареловски.