Финансискиот фер-плеј ФФП нема да отиде во историјата, но ќе претрпи промени. Всушност тој нема да биде строг како до сега, иако дел од клубовите по неговото воведување наоѓаа начини како да го заобиколат.
УЕФА овојпат ќе попушти, а во четврток членовите на Извршниот комитет треба да го изгласа новиот модел.
Тој ќе важи од наредната сезона, никој нема да може да троши повеќе од реалниот приход, без можност акционерите да влезат со помош за да го покријат минусот, меѓутоа наместо сегашните 30.000.000 евра на три финансиски години, дозволениот минус ќе изнесува до 60.000.000 евра.
По примерот на американскиот модел, клубовите нема да можат да потрошат повеќе од 70 отсто приходи на плати на играчи, со важна напомена дека таа промена во потполност ќе се реализира дури во 2025 година, а дотогаш клубовите имаат можност да се прилагодат на барањата.
До 2023 година клубовите ќе можат 90 отсто од заработката да ја трошат на плати на фудбалерите, додека во 2024 година таа граница ќе се намали на 80 отсто, а во 2025 ќе изнесува 70 отсто.
Што се однесува до долговите, од наредната сезона се ќе биде пореално отколку до сега. Клуб кој ќе покаже негативен финансиски извештај ќе има обврска секоја година да го намалува долгот за 10 отсто.