Цените на билетите за СП во Катар „скокнаа“ за 30%

86

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) соопшти дека започна втората фаза од продажбата на билетите за Светското првенство во Катар која ќе трае до 28 април.

„Лицата чие барање за билет е прифатено ќе бидат известени за купувањето по електронска пошта најдоцна до 31 мај“, се вели во соопштението.

За гледачите кои не се жители на Катар, цените на поединечните билети за првата фаза се движат од 62 до 200 евра. За финалето ќе бидат меѓу 550 и 1460 евра, додека за локалците истите ќе бидат по цени меѓу 10 и 190 евра.

Во просек, билетите се поскапи за 30 отсто во однос на претходното Светско првенство кое се одржа во Русија во 2018 година.

ПретходноУ17: Младите убедливо поразени на тест со Црна Гора (ФОТО)
СледноЕгипетскиот министер открива: Му реков на Салах да смени клуб, но тој сака да остане во Ливерпул