Еурофарм Пелистер загуби по вторпат од Нексе Нашице со 21-22 и е елиминиран од Лигата на Европа.
Асистент тренерот на битолскиот тим, Божидар Мојсов вели дека тимот не беше подготвен за ваков тежок натпревар бидејќи играчите биле исцрпени но додава дека нема време за тагување затоа што тимот мора да се фокусира на следната цел, а тоа е да се врати титулата во Битола.
„Им честитам на ракометарите на Нексе за победата и многу успех и им посакувам место на „фајнал-фор“. Што се однесува до нас, одигравме еден тежок меч. Сакате верувале, сакате не, играчите беа истрошени, имавме пет натпревари во девет дена. Не успеавме да се рекуперираме и да одиграме успешно. Меѓутоа, што е тука е, Нексе беше поцврст кога беше потребно и тука ние ја испуштивме нашата шанса. Благодарност до навивачите, заслужија барем победа. Сега се фокусираме на она кое ни остана, тоа е да ја донесеме титулата во Битола“, вели Мојсов.