Со голот на Кевин де Брујн во 70. минута екипата на Манчестер Сити го совлада Атлетико Мадрид во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ долго време се обидуваа да го разбијат „бункерот“ на Атлетико и тоа им успеа во вториот дел. Едно невнимание во дефанзивната линија на Атлетико заврши со гол во нивната мрежа. Се кроеше акција пред голот на „јорганџиите“, топката дојде до Фоден кој ја проследи до Де Брујн кој беше побрз од својот чувар и со шут од косо ја смести топката во мрежата.
Еден гол вреден победа и предност за Сити на реваншот во Мадрид.
Дома Меѓународен фудбал Лига на шампиони Де Брујн го урна бункерот на Атлетико, Сити со предност оди во...