Ембид: Ме мразат!

410

Покрај Никола Јокиќ, како еден од главните кандидати за овосезонската МВП титулата во НБА-лига е центарот на Филаделфија, Џоел Ембид. Тој едноставно блеска, во триумфот над Кливленд запиша 44 поени, 17 скока и пет блокади.

Иако не е без шанси, сепак тој се пожали пред медиумите за некоја неправда.

„Ако бидам МВП – одлично. Но, ако не бидам, не знам што треба да направам. Имам чувство дека сите ме мразат. Има чувство дека за мене или за играчите на Филаделфија има други стандарди во споредба со останатите“, изјави Ембид.

ПретходноКуп на Македонија 1/2 финале: Пелистер – Силекс, Струга ТЉ – Македонија ЃП
СледноВасоски: Посакуваме финале во купот