Ливерпул е пред пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите откако вечерва на „Луж“ ја совлада Бенфика со 3:1. Тоа значи дека „црвените“ од градот на Битлси имаат огромни шанси за понатаму, се што треба да направат е на реваншот да ја одбранат оваа висока предност.
Ливерпул поведе во 17. минута со дебитантскиот гол на Ибрахима Конате на нафрлување од корнер на Робертсон. Во 34 минута зголеми Садио Мане. Само што почна второто полувреме Бенфика намали со голот на најбараното момче на трансферниот пазар овие месеци Дарвин Нуњез.
Се очекуваше притисок на лисабонскиот тим и налет за изедначување, меѓутоа се оладија во 88 минута кога Луис Диаз го погоди нивниот гол и ја донесе победата за Ливерпул.
Реваншот е на 13 април на „Енфилд“.
ГОЛОТ НА КОНАТЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ
ГОЛОТ НА МАНЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ
ГОЛОТ НА ДАРВИН ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ
ГОЛОТ НА ЛУИС ДИАЗ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ