Напаѓачко трио на ПСЖ Нејмар-Лео Меси-Килијан Мбапе синоќа одигра според очекувањата. Парижаните го декласираа Лориен со 5-1, Меси постигна еден гол, Мбапе два со три асистенции, а Бразилецот исто така постигна два.
Посебно внимнаие привлечен голот на Нејмар за за конечни 5:1 во 90. минута. Ја прими топката на својата половина, ги измеша одбранбените играчи, одигра двојно додавање со Мбапе и го постигна својот седми гол сезонава.
По овој дуел на Инстаграм имаше интересен коментар: „Ова функционираше затоа што бев пијан… Како што би рекле тука“.
Францускиот новинар Даниел Риоло пред неколку недели го привлече вниманието на целата фудбалска јавност зборувајќи за тотален колапс на соблекувалната на ПСЖ по испаѓањето од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Риоло тогаш тврдеше дека Нејмар водел во непрофесионален пристап, а на тренинзите се појавил во алкохолизирана состојба.