Иако тимот на Милан, синоќа во ремито 0:0 проти Болоња на домашен терен упату 33 удари кон противничкиот гол, сепак, ниту тоа не беше доволно за да се освојат трите бода.
Тренерот Пиоли е свесен за она што се случуваше на овој меч и посочи каде е грешката.
„Лесно е да се анализира овој натпревар. Не можевме да го најдеме тој мал момент, последниот момент, шутот што може да ги промени работите. Сè друго направивме. Има натпревари на кои ако рано постигнеш гол, станува полесно. Во спротивно станува доста тешко. Поминавме прилично добро без топка против цврст тим, но кога ја контролиравме, не бевме толку добри. Целосно ја исклучувам можноста за психолошки проблем во нашиот тим. Тимот играше со вистински карактер, темперамент и менталитет, дури и квалитетно освен во последната третина од теренот. Во моментов создаваме многу ситуации, но не ги спроведуваме. Ова е вистината што може да се види од статистиката. Ние го играме нашиот фудбал, но не ги користиме нашите можности. Мојата единствена критика кон тимот е дека треба да бидеме поостри и поефективни во шеснаесетникот“ – изјави Пиоли по мечот.