По двата последователни неуспеси во домашниот шампионат, против Скопје на домашен терен пораз од 1:2, и оној денеска против Борец на гости во Велес реми 1:1, Академија Пандев остана без тренер. Ѓорѓе Стојчев си поднесе оставка и на клубот му посака се најдобро во понатамошната битка да ги оствари своите планови и цели.
„Благодарност до Горан Пандев, Фк Академија Пандев. Со срце и душа работев од создавањето на клубот па се до денес. После двата последни резултати одговорноста ја превземам јас како тренер. Посакувам на клубот, играчите во иднина исполнување на зацртаната цел и се надевам ФК Академија Пандев ќе игра во Европските натпреварувања„ – напиша Стојчев.
Академија Пандев со двата кикса едноподруго и тоа како си направи проблем во плановите да излезе во Европа на крајот од сезоната, и сега треба во последните кола сериозно да ја поправи формата, ако сака тоа да се случи.