Виљареал го „здрви“ Баерн и со предност ќе оди во Минхен (видео)

215

На „Де ла Керамика“ екипата на Виљареал направи уште еден подвиг, го совлада еден од фаворитите за титулата Баерн со 1:0 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. „Жолтата подморница“ поведе во 8. минута со голот на Арнаут Данџуба кој се најде на вистинското место и само и го смени правецот на топката за таа да заврши во мрежата на најтрофејниот германски клуб. Toa e негов шести гол сезонава во ЛШ.

Во финишот на првиот дел шпанскиот тим постигна уште еден гол. Кокелин погоди, но судијата Тејлор по прегледување на ВАР снимка го поништи погодокот поради офсајд кој претходно го забележал линискиот судија. По првото полувреме фудбалерите на Баерн немаа ниту еден директен удар кон голот на Виљареал што јасно покажува колку лошо одиграа „баварците“ во првиот дел.

Во вториот беа малку поангажирани, но не се смени ништо во нападот. Левандовски, Гнабри, потоа и Сане се мачеа да изборат позиција за шут. Во 57 минута Жерар Морено можеше да го „тушира“ Баерн, но неговиот шут заврши во левата статива.

Виљареал слави победа, уште една величенствена по онаа над Јувентус во претходната рунда. Сега треба да издржат во Минхен на реваншот за да направат историски пласман во полуфиналето на ЛШ.

ГОЛОТ НА ДАНЏУБА ОВДЕ

ПретходноНовa магија на Бензема: Хет-трик за победа над Челзи на „Стемфорд“ (видео)
СледноМаестро Бензема урива шампиони, ама и рекорди!