ТФТ со голем пресврт во последната четвртина успеа да дојде до убедлива победа од 86-76 над Академија ФМП во претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната.
Тимот од Тафталиџе во последните десет минути отвори со серија од 16-0, незапирлив беше Александар Костоски, кој мечот го заврши со 25 поени.
На стартот на последниот период имаше негатива од 61-68, за кратко време дојде на плус 76-68 и продолжи да ја зголемува предноста.
Костоски беше најефикасен во редовите на ТФТ со 25 поени, Хортон имаше 20. Во редовите на поразениот тим се истакна Крстајиќ со 22 поени.