ПМФЛ: Работнички ја ПРЕГАЗИ Брегалница на Илчо, Шкендија со Шаќири со три бода, „лавовите“ во 93.минута до победа

1065

Фантастично деби на Стојан Игњатов и неговиот соработник Вангел Алтипармаковски. Нивниот Работнички попладнево во Прилеп, во меч од 26.коло просто ја ПРЕГАЗИ Брегалница на Илчо Ѓорѓиоски. “Романтичарите“ одиграа одлично, и победија со 0:3. Блескаше младиот Методиј Максимов со два гола, додека третиот беше дело на Бојан Илиевски.

Очајна Брегалница, каков шамар за составот на Илчо Ѓорѓиоски, ОЧАЈ.

Одлично враќање на клупата на Шкендија на Артим Шаќири. Неговиот тим успеа со 0:2 да го победи борбениот Пелистер. Сепак треба да се каже дека Шкендија не блескаше, битолчани имаа неколку шанси, сепак заслужена победа на тетовци. Маневски и Нафиу беа стрелците за тимот на Шаќири.

May be an image of 1 person and grass

Тиквеш со 2:0 успеа да ја победи Струга ТЛ и тоа со головите на Каракамишев и Спахиу во првиот дел.

Борец успеа да извлече гол бод против фаворитот А. Пандев, овој меч заврши со резултат 1:1.

Под Шара одличен меч меѓу Ренова и Македонија ЃП, кој заврши со 0:1 и тоа со голот на Алексовски во 90+3 минута . Повеќе шанси на двете страни, имаше и зицери, високо темпо, но сепак на крајот се радуваа гостите.

Претходно денеска Скопје и Шкупи одиграа без голови.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 26.КОЛО

СКОПЈЕ – ШКУПИ 0:0

БОРЕЦ – А.ПАНДЕВ 1:1

(Ѓорѓевиќ 59./Ангелов 11.)

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0:3

(/ Максимов 16., 46. Илиевски 66.)

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 0:2

(/Маневски 65., Нафиу 78.)

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1

(/Алексовски 90+3.)

ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 2:0

(Каракамишев 39., Спахиу 41./)

ПретходноЛШ: Рекордерот по титули гостува кај актуелниот бранител на трофејот
СледноШкендија се намачи во градското дерби, но остана на второто место