Аврамовски со гол го донесе Сараево на чекор од финалето на Купот

245

Даниел Аврамовски со еден постигнат гол ја најави победата на екипата на Сараево во првиот меч од полуфиналето на Купот на Босна и Херцеговина. Неговиот тим славеше со 2:0 на средбата со Игман, но според извештаите на босанските медиуми не блескаше на мечот во кој беше голем фаворит.

Во 28. минута беше досуден слободен удар на 20 метри од голот нагостите. Аднан Шеќеровиќ со прекрасен удар ја погоди гредата, а Даниел Аврамовски беше на вистинското место и ја испрати топката во гостинската мрежа за водство од 1:0. 

 

ПретходноМилан во најважниот дел од сезоната остана без Флоренци
СледноЗавршниот турнир од АБА 2 лигата ќе има хуманитарен карактер