Крај на една ера: УЕФА раскина со “Панини“!

275

И официјално, по речиси пет децении УЕФА ја раскина соработката со “Панини“, па така нема оваа фирма во иднина да произведува албуми и сликички, кои беа култни за сето ова време, за потребите на УЕФА. Сепак сликички за СП во Катар ќе има со оглед на тоа дека Мундијалот е под “капата“ на ФИФА.

Инаку УЕФА одлучи место со “Панини“, овој бизнис да го води фирмата „Топс“, и тоа од ЕП во Германија 2024 година.

Како што е познато, “Панини“ за првпат „извади“ албум и сликички за СП во Мексико 1970. Одтогаш па наваму секое ЕП и секое СП можевме да ги собираме сликичките и да ги лепиме на албумите на “Панини“.

ПретходноПолувреме: Без голови на Автокоманда, “пиратите“ со шанси…
СледноКлоп ги смирува тензиите: Салах минува низ тежок период